| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци и Албанци фатени со 300 кг марихуана

marihuana-Во одделни акции, во регионот на Ѓаковица и Урошевац, косовската полиција запленила над 300 килограми марихуана.
Полицијата соопшти дека во Велика Круша се запленети 134 килограми, додека останатите во две одделени акции во регионот на Урошевац.
Во акцијата се уапсени девет лица, запленети се автомобили, апарати за пакување на дрога и дигитална вага.
„Во акцијата запленет е автомобил со регистарски таблички на Република Македонија, како и неколку автомобили со косовски регистарски таблички. Истрагата се проширува во Албанија, од каде е потеклото на дрогата, како и во Македонија од каде постојат основи на сомнение дека има лица вмешани во недозволената трговија со дрогата, која требало да заврши на нарко-пазарот во западно-европските земји“, објави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.
Ова е најголема количина на дрога запленета во едно деноноќие во Косово, по онаа во декември минатата година кога на граничниот премин „Бела земја“, беа запленети 240 килограми марихуана, чија крајна дестинација требало да биде Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top