| четврток, 6 декември 2018 |

Од светско до балканско: „Браво Бенд“ сними пакет од кавери со хитови

Со цел да ги задоволат различните музички вкусови на јавноста, момците од „Браво бенд“ како искусни музичари кои одлично „жонглираат“ со жанрови, одлучија да снимаат мега колекција со видеа од која секој ќе слушне барем еден свој омилен хит.

Богатиот репетоар со кој „Браво бенд“ настапува во земјава на разни јавни и приватни случувања, сега доби пакување и во видеоформат. Станува збор за 21 преработка на светски познати поп-рок хитови, актуелни регионални песни и секако македонски хитови кои ги сублимираа во 16 видеоснимки.

Меѓу видеата во изведба на „Браво бенд“ може да слушнете кавери на песни од: „Дафт панк“, „Марун 5“, Дин Мартин, но и на Здравко Чолиќ и „Нови дечки“.

Оние кои присуствувале на забавите на „Браво бенд“, добро знаат дека со ова добиваат одлична музичка листа во која ќе уживаат.Видео материјалот е реализиран во „Дом на млади“ во Штип, додека аудио продукцијата е на гитаристот Драган Илиев. Следете ги на официјалниот канал на Јутјуб и на фан страницата на Фејсбук, секоја недела ќе објавуваатпо едно музичко уживање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top