По вчерашниот меч против Осасуна кој Барселона го доби со убедливи 7-1, тренерот на „каталонците“ Луис Енрике одговараше на прашања на прес конференција, а таму даде еден особено интересен одговор.
Откако беше запрашан што мисли за можноста Малага во последното коло да му откине бодови на Реал Мадрид за Барселона да стане шампион, Енрике иронично изјавил:
– Баба ми да имаше тркала, ќе беше велосипед, што веројатно може да се толкува дека не верува во способноста на Малага да му земе клучни бодови на Реал М. во трката за титулата.
Инаку, на кормилото на Малага е поранешниот играч на Реал, Мичел кој оваа недела за медиумите од Шпанија гордо истакна дека е „Мадридиста“. На последниот натпревар помеѓу Малага и Барселона, „каталонците“ доживеаја пораз од 2-0 на гостински терен, па може да се каже дека сепак и не станува збор за така безопасен тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)