Во новиот број на „Република“ ќе читате:
Во екот на политичката криза
12.000.000 долари на американските граѓани на сметката на Сорос во Македонија?
Фондацијата Отворено општество – Македонија на Џорџ Сорос имала дарежливи спонзори од САД од кои во период од две и пол години добила донации во висина од неверојатни 12 милиони долари. Според информациите до кои дојде „Република“, Соросовата фондација од 18 февруари 2014 година до 15 ноември 2016 година од две големи банки во САД на својата сметка добила прилив од, ни повеќе ни помалку, 12.161.092 долари. Парите се префрлани етапно, по основа на донации во корист на резиденти – регионални центри. Дел од добиените средства потоа фондацијата ги вложувала во КД Кеш Депозит отворен инвестициски фонд, управуван од Друштво за управување КД Фондови АД Скопје. На тој начин донациите биле користени за остварување приноси од вложените средства.
Соочување на избори или на улица
Заев нема да избега од народот
Додека Заев се подготвува спротивно на собранискиот деловник, уставот и волјата на мнозинството Македонци да формира влада што ќе ја спроведе Тиранската платформа, соросовите платеници во обид да го одвлечат вниманието на јавноста од предавството, влегоа во судир со странските инвеститори, стратегија која е дел од кампањата за локални избори на СДСМ.
Темата за локални референдуми со кои се штити животната средина стана главна по соросовите медиуми, каде пак не видовме ни збор за најавената коалиција на албанските партии за претстојните локални избори со цел да се заштитат нивните национални интереси. Платениците на Сорос ја промашија и изјавата на градоначалниот на Дебар (град кој до сега беше пример за меѓуетнички соживот) кој најави дека Дебар ќе станел населба на Тирана. Не ја видоа ниту пораката на Чаушот кој на социјалните откри дека се раѓа нова партија на македонската политичка сцена која ќе ги штитела интересите на сите муслиманите.
Слепи за изливот на националистичка хистерија од албанските политички партнери на Заев, соросовите платеници без срам ги обвинуваат за фашизам и национализам оние 200.000 Македонци на улица затоа што барале нови избори и зачувување на заедничка и унитарна Македонија.
„Легијата на странците“ – сдсмовска контрабанда
Соросови легионери ќе го бранат Заев од народот
Зборот легија означува римска воена единица, најчесто составена од 3.000 до 5.000 војници. За жал на предводникот Зоран и на неговиот сатанистички заменик-центурион Југослав, шарената револуција немаше толку ни во „златните“ денови. Тие, сепак, макар на хартија, која трпи сѐ, создадоа „Легија на честа“. За познавачите таа поверојатно е „Легија на странците“, како и сѐ кај Заев и кај тиранистите. Другото значење на зборот легија е орда, толпа, глутница, банда. Посоодветно, нели. Дали тоа би била Заевата банда провокатори, создадена за да испровоцира судир со „За заедничка Македонија“? Ќе му дојдат ли напомош на Јовче Ременски? Да, и Србите имаа грдо искуство со Легија…
Албанските политичари со воена реторика
Кој ги турка Албанците во конфликт?
На Балканот и на многу други места на Земјината топка постои тесна поврзаност меѓу предизборните кампањи и драматичниот пораст на национализмот, но она што последните неколку месеци го прават албанските политички првенци во Албанија, Косово, Јужна Србија и во Македонија е далеку од каква било маркетиншка стратегија или предизборен популизам. Изјавите на албанските политичари веќе ги надминаа вообичаените рамки на политичка пропаганда и навлегоа во реални сценарија за нова војна на Балканот. Колку и да се дел од српските медиумски извештаи субјективни и да сакаат да го прикажат албанскиот фактор како опасност за регионот поради домашни и меѓународни причини, сепак изјавите на албанските лидери се доволно опасни и без нивното филување на соседската пропаганда. И што е најстрашно од сѐ, Рама и неговите следбеници во Косово, Македонија и во Јужна Србија не запираат со својата воена реторика. Најверојатно, затоа што никој друг сериозен глобален лидер, освен европскиот бирократ од Австрија Јоханес Хан, не ги фатил за уши.
Лидерска е можна само за една точка од дневниот ред
Излегувањето на избори е излегување од кризата
Одржувањето на локалните избори што поскоро е важно и од аспект на функционирање на државата, но и како превентива од веќе најавен изборен инженеринг кој се кове во заднина. Тоа што се посочува како добра шанса и за парламентарни избори е друго прашање, но имајќи го предвид ст(р)авот на социјалдемократите заради платформата, но и заткулисните игри, јавно се отстапува од секакво скоро соочување со граѓаните.
Затоа, тоа што се заговара како тема, евентуална лидерска средба за состојбата, во моментов не може да биде посветено на ништо друго освен на моментот кога најскоро би се спровеле избори. И локални и парламентарни.
Колумна, Ацо Станковски
Фатум
Отсекогаш било многу тешко да се предвидува. Да се биде прецизен, без заобиколувања и амбивалентности, без демагошки трикови или апроксимации, па и паралелизми, обусловени од разни алтернативи. Барајќи алиби за неизбистрената визија или, пак, за целосната грешка на лажните пророци, какви што се накотија ужасно многу во ова предапокалиптично време, ревносниот и упорен проценувач на иднината создава ретроспективни анализи до бескрај, за на крајот да заклучи дека има многу варијанти, кои можат да се случат. Но тие не се случуваат, ниту една од нив.
А, тие повторно пуштаат воловски рогови врз простачкиот инает, кој во сојуз со скромната интелигенција, повторно и повторно шпекулира со можности и со варијанти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст