| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на „Република“ ќе читате

Во новиот број на „Република“ ќе читате:

 

Во екот на политичката криза
12.000.000 долари на американските граѓани на сметката на Сорос во Македонија?
Фондацијата Отворено општество – Македонија на Џорџ Сорос имала дарежливи спонзори од САД од кои во период од две и пол години добила донации во висина од неверојатни 12 милиони долари. Според информациите до кои дојде „Република“, Соросовата фондација од 18 февруари 2014 година до 15 ноември 2016 година од две големи банки во САД на својата сметка добила прилив од, ни повеќе ни помалку, 12.161.092 долари. Парите се префрлани етапно, по основа на донации во корист на резиденти – регионални центри. Дел од добиените средства потоа фондацијата ги вложувала во КД Кеш Депозит отворен инвестициски фонд, управуван од Друштво за управување КД Фондови АД Скопје. На тој начин донациите биле користени за остварување приноси од вложените средства.

Соочување на избори или на улица
Заев нема да избега од народот
Додека Заев се подготвува спротивно на собранискиот деловник, уставот и волјата на мнозинството Македонци да формира влада што ќе ја спроведе Тиранската платформа, соросовите платеници во обид да го одвлечат вниманието на јавноста од предавството, влегоа во судир со странските инвеститори, стратегија која е дел од кампањата за локални избори на СДСМ.
Темата за локални референдуми со кои се штити животната средина стана главна по соросовите медиуми, каде пак не видовме ни збор за најавената коалиција на албанските партии за претстојните локални избори со цел да се заштитат нивните национални интереси. Платениците на Сорос ја промашија и изјавата на градоначалниот на Дебар (град кој до сега беше пример за меѓуетнички соживот) кој најави дека Дебар ќе станел населба на Тирана. Не ја видоа ниту пораката на Чаушот кој на социјалните откри дека се раѓа нова партија на македонската политичка сцена која ќе ги штитела интересите на сите муслиманите.
Слепи за изливот на националистичка хистерија од албанските политички партнери на Заев, соросовите платеници без срам ги обвинуваат за фашизам и национализам оние 200.000 Македонци на улица затоа што барале нови избори и зачувување на заедничка и унитарна Македонија.

„Легијата на странците“ – сдсмовска контрабанда
Соросови легионери ќе го бранат Заев од народот
Збо­рот ле­ги­ја оз­на­чу­ва рим­ска во­е­на еди­ни­ца, нај­че­сто со­ста­ве­на од 3.000 до 5.000 вој­ни­ци. За жал на пред­вод­ни­кот Зо­ран и на не­го­ви­от са­та­ни­стич­ки за­ме­ник-цен­ту­ри­он Ју­гос­лав, ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја не­ма­ше тол­ку ни во „злат­ни­те“ де­но­ви. Тие, се­пак, ма­кар на хар­ти­ја, ко­ја тр­пи сѐ, соз­да­доа „Ле­ги­ја на че­ста“. За поз­на­ва­чи­те таа по­ве­ро­јат­но е „Ле­ги­ја на стран­ци­те“, ка­ко и сѐ кај За­ев и кај ти­ра­ни­сти­те. Дру­го­то зна­че­ње на збо­рот ле­ги­ја е ор­да, тол­па, глут­ни­ца, бан­да. По­со­од­вет­но, не­ли. Да­ли тоа би би­ла За­е­ва­та бан­да про­во­ка­то­ри, соз­да­де­на за да ис­про­во­ци­ра су­дир со „За за­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“? Ќе му дој­дат ли на­по­мош на Јов­че Ре­мен­ски? Да, и Ср­би­те имаа гр­до искус­тво со Ле­ги­ја…

Албанските политичари со воена реторика
Кој ги турка Албанците во конфликт?
На Бал­ка­нот и на мно­гу дру­ги ме­ста на Зем­ји­на­та топ­ка по­стои тес­на по­вр­за­ност ме­ѓу пре­диз­бор­ни­те кам­па­њи и дра­ма­тич­ни­от по­раст на на­ци­о­на­лиз­мот, но она што пос­лед­ни­те не­кол­ку ме­се­ци го пра­ват ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пр­вен­ци во Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во, Јуж­на Ср­би­ја и во Ма­ке­до­ни­ја е да­ле­ку од ка­ква би­ло мар­ке­тин­шка стра­те­ги­ја или пре­диз­бо­рен по­пу­ли­зам. Из­ја­ви­те на ал­бан­ски­те по­ли­ти­ча­ри ве­ќе ги над­ми­наа во­о­би­ча­е­ни­те рам­ки на по­ли­тич­ка про­па­ган­да и нав­ле­гоа во ре­ал­ни сце­на­ри­ја за но­ва вој­на на Бал­ка­нот. Кол­ку и да се дел од срп­ски­те ме­ди­ум­ски из­ве­штаи суб­је­ктив­ни и да са­ка­ат да го при­ка­жат ал­бан­ски­от фа­ктор ка­ко опас­ност за ре­ги­о­нот по­ра­ди до­маш­ни и ме­ѓу­на­род­ни при­чи­ни, се­пак из­ја­ви­те на ал­бан­ски­те ли­де­ри се до­вол­но опас­ни и без нив­но­то фи­лу­ва­ње на со­сед­ска­та про­па­ган­да. И што е нај­страш­но од сѐ, Ра­ма и не­го­ви­те след­бе­ни­ци во Ко­со­во, Ма­ке­до­ни­ја и во Јуж­на Ср­би­ја не за­пи­ра­ат со сво­ја­та во­е­на ре­то­ри­ка. Нај­ве­ро­јат­но, за­тоа што ни­кој друг се­ри­о­зен гло­ба­лен ли­дер, освен европ­ски­от би­ро­крат од Ав­стри­ја Јо­ха­нес Хан, не ги фа­тил за уши.

Ли­дер­ска е мож­на са­мо за ед­на точ­ка од днев­ни­от ред
Из­ле­гу­ва­ње­то на из­бо­ри е из­ле­гу­ва­ње од кри­за­та
Одр­жу­ва­ње­то на ло­кал­ни­те из­бо­ри што по­ско­ро е важ­но и од ас­пект на функ­ци­о­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, но и ка­ко пре­вен­ти­ва од ве­ќе нај­а­вен из­бо­рен ин­же­не­ринг кој се ко­ве во зад­ни­на. Тоа што се по­со­чу­ва ка­ко до­бра шан­са и за пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри е дру­го пра­ша­ње, но имај­ќи го пред­вид ст(р)авот на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те за­ра­ди пла­тфор­ма­та, но и за­тку­лис­ни­те игри, јав­но се от­ста­пу­ва од се­ка­кво ско­ро со­о­чу­ва­ње со гра­ѓа­ни­те.
За­тоа, тоа што се за­го­ва­ра ка­ко те­ма, евен­ту­ал­на ли­дер­ска сред­ба за со­стој­ба­та, во мо­мен­тов не мо­же да би­де по­све­те­но на ни­што дру­го освен на мо­мен­тот ко­га нај­ско­ро би се спро­ве­ле из­бо­ри. И ло­кал­ни и пар­ла­мен­тар­ни.

Колумна, Ацо Станковски
Фа­тум
Отсе­ко­гаш би­ло мно­гу те­шко да се пред­ви­ду­ва. Да се би­де пре­ци­зен, без за­о­би­ко­лу­ва­ња и ам­би­ва­лент­но­сти, без де­ма­го­шки три­ко­ви или апро­кси­ма­ции, па и па­ра­ле­лиз­ми, обус­ло­ве­ни од раз­ни ал­тер­на­ти­ви. Ба­рај­ќи али­би за не­из­би­стре­на­та ви­зи­ја или, пак, за це­лос­на­та гре­шка на лаж­ни­те про­ро­ци, ка­кви што се на­ко­ти­ја ужас­но мно­гу во ова пре­да­по­ка­лип­тич­но вре­ме, рев­нос­ни­от и упо­рен про­це­ну­вач на ид­ни­на­та соз­да­ва ре­трос­пе­ктив­ни ана­ли­зи до бе­скрај, за на кра­јот да зак­лу­чи де­ка има мно­гу ва­ри­јан­ти, кои мо­жат да се слу­чат. Но тие не се слу­чу­ва­ат, ни­ту ед­на од нив.
А, тие по­втор­но пу­шта­ат во­лов­ски ро­го­ви врз про­стач­ки­от ина­ет, кој во со­јуз со скром­на­та ин­те­ли­ген­ци­ја, по­втор­но и по­втор­но шпе­ку­ли­ра со мож­но­сти и со ва­ри­јан­ти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top