Во разговор за српската редакција на „Гласот на Америка“, прашан за состојбата во регионот, републиканскиот сенатор од сојузната држава Аризона и поранешен претседателски кандидат Џон Мекејн, вели дека е потребен поголем ангажман, посредување, во мошне динамичната и експлозивна состојба во Македонија. Според него, не е во ничиј интерес да се распадне Македонија.
– Загрижен сум за Македонија. Не предвидувам војна или конфликт, но велам дека напнатоста е голема и ситуацијата излегува од контрола и бара поголем ангажман од САД, но и од ЕУ – вели претседавачот со Сенатската комисија за вооружените сили во Конгресот.
За тоа каква треба да биде улогата на САД на Балканот, Мекејн смета дека Вашингтон треба да ја потврди поддршката за регионот. Според него, балканските земји треба да бидат вклучени во заедничките воени операции со САД, посебно земјите од регионот, кои се дел од НАТО.
Сенаторот Мекејн коментира дека САД треба да изразат благодарност земјите од Балканот за помошта во Авганистан, но и учеството во други мисии во светот.
Коментирајќи ги вкупните состојби во регионот, сенаторот Мекејн истакна дека и покрај огромниот напредок од 1990 година, сè уште има притисоци и нестабилност, кои место да се намалуваат, растат и се зголемуваат.
Тој изрази загриженост дека вниманието и фокусот на САД го одвратиле состојбата во Русија, Украина, Блискиот Исток, Кина, на сметка на Балканот. Според него, ни Европејците немаат доволен ангажман во регионот и не се активни во решавање на наталожените проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.