| четврток, 6 декември 2018 |

Хојт Ји в понеделник во Скопје

Заменик-помошникот државен секретар на американскиот Стејт департментот за Европа, Хојт Брајан Ји на 1 мај ќе ја посети Република Македонија, соопштија од Американската амбасада во Скопје.

„Заменик-помошникот Ји на 1 мај ќе допатува во Македонија на средби со политичките лидери ќе разговара за статусот на формирањето на влада, за билатералните односи и за потребните реформи во процесот на евроатлантските интеграции“, се наведува во соопштението.

Американскиот Стејт департмент минатата недела изрази загриженоста за состојбата во Македонија и побара фомирање влада без одлагање со цел земјата да продолжи со реформите на патот кон евроатлантските интеграции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top