Саксофонистот на групата „Суперхикс“, Горан Папаз, заедно со клавијатуристот Иван Еминовиќ се главните актери на вечерта насловена „Џез-евергрин“, двочасовен концерт исполнет со многу домашни хитови, преработени во џез-варијанта.
Настанот, кој е подржан од Министерството за култура, ќе се одржи во барот „Мартини“ во т.ц. Лептокарија, на 4 јуни во 20 часот.
Папаз со соло-кариерата стана препознатлив по обработката на неколку познати македонски евергрини. Тој е автор и на „Different World“, насловната нумера од последанта сезона на шоуто „Еден на еден“, кое го гледавме на ТВ „Алфа“.
Барот „Мартини“ ќе создаде специјална интимна и пријатна атмосфера, која ќе биде идеална за оваа вечер посветена на убавата музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


