| четврток, 6 декември 2018 |

Ајакс го смени името на стадионот, од сега ќе игра на ЈОХАН КРОЈФ!

Како што беше најавено во претходните неколку месеци, екипата на Ајакс го промени името на популарната „Амстердам арена“. Овој стадион од денеска ќе го носи името на Јохан Кројф, кој се прослави во дресот на холандскиот клуб и репрезентација.

Легендарниот Холанѓанец трипати ја освои „Златната топка“, а беше фантастичен во тренерската работа, освојувајќи ја титулата во Купот на eвропските шампиони со Барселона. Каталонската екипа исто така најави дека ќе му оддаде почит на својот поранешен фудбалер и ќе го стави неговото име на помошниот стадион на „Камп Ноу“.

Легендата на светскиот фудбал почина минатата година во март, по долгогодишното боледување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top