| четврток, 6 декември 2018 |

Не е сериозен: Ова се знаците дека никогаш нема да ве побара за жена

Некои мажи имаат проблем со сериозното врзување, па поради тоа ретко кога се женат за своите партнерки. Во продолжение ви ги откриваме знаците кои откриваат дека на мажот не е за брак.

1. Ве остава сами да се снаоѓате на забава

Мажот кој има проблем со врзување, со задоволство ја „покажува“ својата избраничка на забавите, но не поминува многу време во нејзино друштво, тврди психологот Лорел Хаус, авторка на книгата “Screwing the Rules: The No-Games Guide to Love”. Наместо тоа, ја остава сама да се снаоѓа на забавите.

2. Секогаш сака нешто да правите заедно

Ве води во ресторани, на изложби и други екстравагантни состаноци, но никогаш не предлага да останете дома и да не правите ништо?

„Ваквиот тип на мажи преферира да се опушти од стресниот ден сам и не вклучува други личности во своите секојдневни обврски како купување на секојдневните намирници“, истакнува Хаус.

3. Сака со вас да ги прославува успесите, но ги избегнува поразите

Убаво е кога мажот чувствува потреба за споделување на среќните моменти во својот живот, но ако никогаш не зборува за непријатните искуства, тоа би можело да биде знак за тревога. Ваквиот маж во вас не гледа поддршка, тврди психологот, и тешко е дека долготрајно ќе се врзе за личноста која ја гледа на тој начин.

4. За иднината зборува само под влијание на алкохол

Ако за вашата заедничка иднина зборува само кога е под влијание на алкохол – неговите намери не се бројат. Она што навистина го разоткрива се зборовите кои ги кажува со „трезна глава“. Мажите кои не планираат однапред исто така се оние кои не сакаат да бидат со партнерката на долг рок.

5. Не сака да ви удоволи во кревет

На мажите претежно не им е потребна предигра, додека ретко која жена може да доживее сексуално задоволство без неа. Ако партнерот не се грижи за вашите сексуални желби откако јасно сте го изразиле тоа, тоа е знак дека вашата среќа не му е на прво место.

6. Почесто критикува отколку што помага

Конструктивната критика е интегрален дел од нашиот живот, која ни помага да станеме подобри и поквалитетни личности. Но, ако мажот непрестано ги критикува вашите мислења, појава или постапки, се обидува да ве промени.

7. Никогаш не ви бара совет

Ако мажот во вашиот живот советите ги бара од своите пријатели и семејството, но никогаш од вас, тоа е знак дека вашите размислувања не ги смета за важни. Големи се шансите дека не планира долготраен однос со жената за која нема добро мислење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top