Жената која брутално беше тепана и малтрерина од синот, починала во болница и покрај напорите на лекарите, пишува „Прес 24“.
50-годишниот П.А. од Скопје во периодот од март до април 2017 година секојдневно психички и физички ја малтретирал неговата 79-годишна мајка со која заедно живееле. На 11. месецов П.А. со употреба на физичка сила и вжештена маша и нанел повеќе удари по главата и телото од кои мајката паднала во бесознание и во критична состојба била пренесена во болница.
Од страна на судија на претходна постапка на П.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.