| четврток, 6 декември 2018 |

Во Велес со претставата „Колевка“ завршува 13. „Танц фест“

На сцената на Велешкиот народен театар со претставата „Колевка” во кореографија на Грегор Луштек, вечер ќе биде затворен 13. Танц фест 2017, кој се одржува во Скопје и Велес.

Од Танц фест изјавија дека претставата „Колевка“ е прв проект на C-СИЕ Танц унија. Тоа е резултат на Танц камп, меѓународен двегодишен проект C-СИЕ, направен во соработка со Академијата за танц во Пекинг.

Нејзиниот извршен продуцент е Наташа Заволошек, асистирано од страна на интернационалните и едукаторни експерти Рисима Рисимкин и Олга Луштек. Во септември 2016 година, кореографот Луштек избра шест најдобрите танчери од два летни кампови кои се одржа во Кина, а во март 2017 година тој избра дополнителни шест танчери од Танц академија во Пекинг, за да почне да работи на овој проект.

Инаку синоќа на сцената на Велешкиот театар во рамки на Танц фест 2017 Скопје танцов театар ја изведе претставата „Кожа“ во кореографија на Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и Рисима Рисимкин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top