Од 15 јуни корисниците на мобилна телефонија од државите членки на Европската унија кои патуваат во други држави членки, ќе може да користат роаминг без дополнителни трошоци, одлучи Европскиот совет.
– Европјаните ќе може да останат во контакт со сите и да користат интернет како да се дома. ЕУ ни го прави животот полесен на практичен начин – изјави Емануел Малиа министер од Малта.
Зоната без роаминг важи за граѓаните на ЕУ и оние кои патуваат во други држави на ЕУ поради бизнис или туристички. Норвешка, Исланд и Лихтенштајн се приклучуваат на таа одлука нешто по 15 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.