| четврток, 6 декември 2018 |

Од 15 јуни: Нема роаминг во ЕУ!

Од 15 јуни корисниците на мобилна телефонија од државите членки на Европската унија кои патуваат во други држави членки, ќе може да користат роаминг без дополнителни трошоци, одлучи Европскиот совет.

– Европјаните ќе може да останат во контакт со сите и да користат интернет како да се дома. ЕУ ни го прави животот полесен на практичен начин – изјави Емануел Малиа министер од Малта.

Зоната без роаминг важи за граѓаните на ЕУ и оние кои патуваат во други држави на ЕУ поради бизнис или туристички. Норвешка, Исланд и Лихтенштајн се приклучуваат на таа одлука нешто по 15 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top