Месечните приходи на Путин минатата година изнесуваа 738.000 рубли, односно помалку од приходите за 2015. кои изнесувале 741.000 рубли – пренесува агенцијата „Итар Тас”.
Претседателот исто така пријавил дека е сопственик на 1.500 квадратни земја, стан од 77 метри квадратни и гаража од 18 метри квадратни.
Путин, исто така поседува уште еден стан со површина од 153 метри квадратни, а целиот негов имот се наоѓа во Русија. Од автомобили, тој поседува само два, еден од марката „Волга” и една „Нива” со приколка.
Рускиот претседател во 2013. година заработил повеќе од 3.6. милиони рубли (околу 100.000 амеркански долари), во 2014 – 7.6 милиони рубли, а во 2015 околу 8,9 милиони рубли – вели руската агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.