Регулаторната kомисија за енергетика денес треба да ја соопшти новата малопродажна цена на нафтата и на бензините. Дали од утре ќе возиме поскап или поевтин бензин ќе се знае откако ќе се направат пресметките.
Цената на барел сурова нафта минатата недела на лондонската берза се спушти на 101,56 долари. На 20 мај, кога регулаторите последен пат ја формираа малопродажната цена на бензините, просекот за изминатите 14 дена беше 103,3 долари за барел.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) пред две недели се зголемија за половина денар по литар, па така сега цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 денари за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ 67,50 денари. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) скокнаа за еден денар и се точеа за 79 односно 56,50 денари за литар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.