| четврток, 6 декември 2018 |

Од полноќ нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ја донесе новата одлука со која ќе ги определи максималните цени на нафтените деривати во малопродажба.

Според движењето на цените на светските берзи, некоја поголема промена не треба да се очекува.

Во моментов барел нафта на берзата во Лондон држи идентична цена како просечната од пред две недели. Сепак, во текот на изминатиот 14 дневен период, цената на нафтата кон крајот на минатиот месец до достигна месечниот максимум од 67 долари по барел што е можно да донесе и мало зголемување на цените кај одредени деривати.

Пред две недели регулаторот ги намали малопродажните цени за 2,5 денари по литар.
Во моментов бензините чинат 65,5 денари за 95 октанскиот и 67 денари за ЕУРОСУПЕР 98.
Дизелот се точи за 57 денари по литар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top