| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Усовски: Бог ме оставил без родители, но ми дал многу

Ма­ла пи­це­ри­ја со го­ле­ма при­каз­на… Тоа е пи­це­ри­ја­та „Ма­ли Џо­ки­ца“ во цен­та­рот на Скоп­је. За Иван Усов­ски доз­нав со­се­ма слу­чај­но до­де­ка го пра­вев ин­терв­ју­то со Ди­а­дра Бојд, ко­ор­ди­на­тор­ка­та на аген­ци­и­те на ООН и пр­ва прет­став­нич­ка на УНДП во Ма­ке­до­ни­ја. На ма­са­та сто­е­ше бро­шу­ра на чи­ја нас­лов­на стра­ни­ца има­ше не­кол­ку фо­то­гра­фии од лу­ѓе на кои УНДП им по­мог­нал да поч­нат свој биз­нис. Ме­ѓу фо­то­гра­фи­и­те бе­ше и таа на Иван. По­зи­тив­ни­от лик, нас­ме­вка­та или, мо­же­би, са­ма­та раз­и­гра­ност на фо­то­гра­фи­ја­та… не знам ни са­ма зо­што не­го­ва­та фо­то­гра­фи­ја ми прив­ле­че нај­го­ле­мо вни­ма­ние. Ја пра­шав Бојд, ко­ја тој ден си за­ми­на од Ма­ке­до­ни­ја, кое е тоа мом­че. Се нас­меа и ре­че де­ка тој е еден од лич­но­сти­те во Ма­ке­до­ни­ја што дол­го ќе ги па­ме­ти. Таа ми ка­жа де­ка Иван по­рас­нал во До­мот за де­ца без ро­ди­те­ли и де­ка му по­мог­на­ле да отво­ри сво­ја пи­це­ри­ја.

Не­кол­ку не­де­ли по­доц­на ста­пив во кон­такт со три­е­сет и пе­тго­диш­ни­от Иван. Се нај­дов­ме во не­го­во­то царс­тво, во пи­це­ри­ја­та сме­сте­на во бли­зи­на на гим­на­зи­ја­та „Ра­де Јов­чев­ски-Кор­ча­гин“. Но, пи­це­ри­ја­та не е при­чи­на­та по­ра­ди ко­ја са­кав­ме да го за­поз­на­е­ме Иван. Не­го­ва­та жи­вот­на при­каз­на, не­го­ва­та ус­пеш­на жи­вот­на при­каз­на зас­лу­жу­ва про­стор и вни­ма­ние. Тој не са­ка мно­гу да збо­ру­ва за би­о­ло­шки­те ро­ди­те­ли и за тоа што се слу­чу­ва­ло со нив. Ве­ли де­ка ко­га ќе со­бе­ре до­вол­но хра­брост да проз­бо­ри за тоа, мо­же да на­пра­ви­ме уште еден раз­го­вор. Пи­са­те­лот Ми­шко По­пов му ре­кол де­ка во не­го­ви­от жи­вот има ма­те­ри­јал за до­бра кни­га. Од она мал­ку што ус­пе­ав да го доз­нав од не­го, ро­ди­те­ли­те на не­го­ва­та мај­ка се отка­жа­ле од неа ко­га оста­на­ла бре­ме­на со Иван. Го ро­ди­ла ка­ко са­мо­хра­на мај­ка. Ја пра­ша­ле во бол­ни­ца ка­ко ќе се ви­ка де­те­то. Не­кој вик­нал Иван и та­ка го до­бил име­то, а на тоа тој гле­да ка­ко на бож­ји глас. Иа­ко се­меј­но­то пре­зи­ме му е Усо­виќ, ко­ле­кти­вот во бол­ни­ца­та од­лу­чил да би­де Усов­ски. Де­нес тој е единс­тве­ни­от Ма­ке­до­нец со та­кво пре­зи­ме.

До се­дум­го­диш­на во­зраст жи­ве­ев во дом-се­мејс­тво. Та­му ги на­у­чив хи­ги­ен­ски­те на­ви­ки. Ме чу­ва­ше ед­на мно­гу фи­на же­на, Сло­бо­дан­ка. По­тоа бев во До­мот  „11 Октом­ври“, ка­де што и вос­пи­ту­вач­ка­та Ни­ки ме на­у­чи мно­гу ра­бо­ти. На 17-го­диш­на во­зраст поч­нав да го учам за­на­е­тот. А, од  До­мот из­ле­гов ко­га имав осум­на­е­сет го­ди­ни и шест ме­се­ци. За­на­ет во дом не ти да­ва­ат. Мо­ја­та при­каз­на со пи­ца­та поч­на во „Дал-Мет-Фу“ , бла­го­да­ре­ние на по­ра­неш­ни­от ми­ни­стер Але­ксан­дар Ди­ми­тров. Тој ми е ка­ко та­тко. То­гаш бе­ше ди­ре­ктор на „Па­лер Ма­ке­до­ни­ја“. Го за­поз­нав ка­ко де­те ко­га од До­мот ме пра­ќаа да со­би­рам ста­ра хар­ти­ја од ста­но­ви­те и од ку­ќи­те. Бев­ме по­де­ле­ни на гру­пи. Бев со уште две де­чи­ња. Одев­ме по згра­ди и ба­рав­ме хар­ти­ја. Имав­ме не­ко­ја до­бра ѕвез­да. Ни да­ваа сок­че, хра­на, об­ле­ка, па ду­ри и по не­ко­ја па­рич­ка. Бла­го­да­ре­ние на нив рас­те­ње­то во До­мот ми бе­ше по­лес­но. Але­ксан­дар Ди­ми­тров бе­ше еден од оние лу­ѓе што ги за­поз­нав та­ка и тој ми ста­на ка­ко та­тко. Ме фа­ти за уво и ми ре­че де­ка мо­рам да учам за­на­ет. Не зна­ев ни што е за­на­ет. Ме од­не­се кај Фу­фо и му ре­че: „Са­кам ова де­те да би­де до­бар мај­стор“. Има­ше трој­ца мај­сто­ри, си­те раз­лич­но ме учеа. Јас, ве­ро­јат­но, сум бил на­да­рен за те­сто и за пи­ца и ус­пе­ав да го изв­ле­чам нај­до­бро­то од си­те нив, и на тоа да до­да­дам не­што свое. Јас сум ле­во­рак и се прис­по­со­бу­вам на тоа – рас­ка­жу­ва Иван.

pizza-USOVSKI-Mali-Djokica-03

Ма­ка­та ја соз­да­де чо­ко­лад­на­та пи­ца

Чо­ко­лад­на­та пи­ца е спе­ци­ја­ли­тет на „Ма­ли Џо­ки­ца“. Иа­ко има­ат и не­кои дру­ги спе­ци­фич­ни пи­ци и пи­ро­шки, оваа пи­ца е она што ги пра­ви раз­лич­ни. Прв­пат ја на­пра­вил пи­ца­та во 2007 го­ди­на до­де­ка бил на мо­ре. По­сто­ја­но ја­дел во пи­це­ри­ја­та во ко­ја ра­бо­тел са­кај­ќи да за­ште­ди па­ри. Но, му здо­де­а­ло по­сто­ја­но да ја ја­де иста­та хра­на. Па, та­ка поч­нал да си при­го­тву­ва не­се­којд­нев­ни обро­ци. Ве­ли де­ка мно­гу е важ­на енер­ги­ја­та што ја вне­су­ваш до­де­ка го­твиш, важ­но е со кол­ку љу­бов го пра­виш тоа што го пра­виш.

До­би­вав­ме па­ста за сла­до­лед од Ита­ли­ја. Ста­вив рас­ти­те­лен ка­шка­вал, па­ста, ја­го­да, виш­ни, ки­ви, па из­ме­шав и ста­вив да се пе­че­. Изг­ле­да­ше чуд­но, па до­да­дов и чо­ко­ла­ден пре­лив. Им по­ну­див на при­ја­те­ли­те. Си­те се из­не­на­ди­ја од вку­сот. Им на­пра­вив сним­ка ка­ко ја­дат. Си по­мис­лив де­ка, ве­ро­јат­но, не­ма да им ста­не не­што ло­шо. По не­кое вре­ме ре­шив и ту­ка да ја пра­вам. Са­кав да му по­ну­дам на не­кој од ма­ке­дон­ски­те про­из­водители да ми на­пра­ви чо­ко­ла­ден ка­шка­вал, но со­пру­га­та ме пре­мис­ли. Ми да­де пред­лог да ја пра­вам со „ну­те­ла“. Вку­сот е фан­та­сти­чен, но та­ка мно­гу е ска­по. Па, за­ме­нив со друг крем, го пре­ра­бо­тив, го усо­вр­шив кре­мот, го усо­вр­шив и те­сто­то, а ста­ва­ме и ба­де­ми, виш­ни, ки­ви, ба­на­на, и, искре­но, мно­гу се тро­ши – ве­ли Иван.

pizza-USOVSKI-Mali-Djokica-02

 

По за­вр­шу­ва­ње­то на сред­но­то уго­сти­тел­ско учи­ли­ште, за­ми­ну­ва во вој­ска. Се вра­ќа и про­дол­жу­ва да ра­бо­ти ка­ко пи­ца-мај­стор, но во дру­ги пи­це­рии. Се на­у­чил да ра­бо­ти и на др­ва и на плин. Ра­бо­тел и ка­ко ма­не­кен, фо­то­мо­дел, сни­мал рек­ла­ми, рас­то­ва­рал сто­ка, ме­тел ули­ци, ко­пал, мал­те­ри­су­вал… Ра­бо­тел и во оп­ти­ка, ра­бо­тел со ми­не­рал­но стак­ло. Сме­та де­ка љу­бо­пит­но­ста му по­мог­на­ла да на­у­чи мно­гу ра­бо­ти. По не­кол­ку го­ди­ни ра­бо­та во ма­ке­дон­ски­те пи­це­рии, по со­вет на при­ја­тел, за­ми­нал на мо­ре за да за­ра­бо­ти не­кој де­нар по­ве­ќе.

Поч­нав да ра­бо­там во Цр­на Го­ра. Ми бе­ше мач­но, мно­гу мач­но, но се снаоѓав. Бев на­у­чен сам да се про­би­вам и да се сна­о­ѓам. Та­ка поч­нав се­ко­ја го­ди­на да одам на мо­ре и да ра­бо­там. Пред да ја срет­нам Ангела Ангеловска, која се­га ве­ќе ми е со­пру­га, тал­кав, одев ва­му-та­му и се бо­рев за пре­жи­ву­ва­ње. Ќе за­ра­бо­тев па­ри на мо­ре, ама тро­шо­ци­те за жи­вот се го­ле­ми. Жи­ве­ев во вла­га, во те­шки ус­ло­ви, па­ри­те бр­зо се тро­шеа. Прет­ход­но ап­ли­ци­рав за кре­дит од УНДП, но не­ус­пеш­но, не ги ис­пол­ну­вав ус­ло­вите. По две години откако се запознавме со Ан­ге­ла,  ко­ја е пе­да­гог во гра­дин­ка и по­тек­ну­ва од до­ма­ќин­ско и обра­зо­ва­но се­мејс­тво, ста­пив­ме во брак. Таа ми е го­ле­ма под­др­шка во жи­во­тот. Со по­мош од стра­на, се за­поз­нав со лу­ѓе­то од УНДП, и во со­ра­бо­тка со нив и со Вла­да­та зе­мав па­ри. Ми се на­ре­ди­ја коц­ки­те, па со па­ри­те од свад­ба и со по­мош на ро­ди­те­ли­те на со­пру­га­та, од кои имам огром­на под­др­шка, ја отво­рив пи­це­ри­ја­та, ко­ја функ­ци­о­ни­ра ве­ќе две го­ди­ни. УНДП ме под­др­жу­ва и ден-де­нес. Се­га са­кам да зе­мам уште 1.500 евра не­по­вра­тен кре­дит во ма­те­ри­ја­ли, со тоа што тре­ба да вра­бо­там ед­но ли­це на нај­мал­ку ед­на го­ди­на. Ус­ло­ви­те за ра­бо­та ги имам и мис­лам де­ка мо­жам да од­го­во­рам на се­кој пре­диз­вик. Ра­бо­ти­те за­ви­сат и од кар­мата. Јас ве­ру­вам де­ка ка­ков чо­век си во жи­во­тот, та­ка и ќе ти се од­ви­ва­ат ра­бо­ти­те. Јаг­не­то со волк не мо­же да се дру­жи. Ако си бил лош, не оче­ку­вај до­бро. Ве­ро­јат­но, сум до­бар чо­век – со нас­ме­вка рас­ка­жу­ва по­зи­тив­ни­от и ха­риз­ма­ти­чен Иван.

pizza-USOVSKI-Mali-Djokica-01

Тој им дал шан­са за ра­бо­та на не­го­ви­те, ка­ко што са­ми­от ги на­ре­ку­ва, бра­ќа и се­стри од До­мот. Но, не си­те зна­е­ле да ја иско­ри­стат таа шан­са или, ка­ко што ве­ли, нај­че­сто се из­не­на­ду­ваш не­га­тив­но од најб­ли­ски­те. Сѐ уште не се отка­жу­ва од иде­ја­та да им по­мог­не на оние на кои, ка­ко што ве­ли, при­па­ѓа и са­ми­от.

  Тоа што јас сум се сна­шол во жи­во­тот не ме пра­ви по­го­лем од оние што рас­тат во исти ус­ло­ви ка­ко ме­не. Ни­ко­гаш не сум се дво­ел. Ми по­да­ру­ва­ле и го­ле­ми ра­бо­ти, а не ба­ра­ле за воз­врат. Тоа е бож­ји по­да­рок. Јас сум сре­ќен. Фр­ли ме мај­ко на бу­ни­ште со ксмет. Тоа е мо­јот жи­вот. Се чув­ству­вам спо­со­бен. Се­га се тру­дам да му по­мог­нам на Ми­рос­лав,  мом­че­то што ра­бо­ти кај ме­не. Тој по­тек­ну­ва од  си­ро­маш­но се­мејс­тво од Илин­ден и са­кам да го на­у­чи за­на­е­тот и да отво­ри сво­ја пи­це­ри­ја во на­сел­ба­та ка­де што жи­вее. Го за­са­кав мно­гу, тој ми е и де­вер на свад­ба. Она што за ме­не го на­пра­ви Ди­ми­тров, јас са­кам да го на­пра­вам за не­го. Ќе се оби­дам да му по­мог­нам кол­ку што мо­жам – ве­ли тој.

Бог ми да­ри до­бар глас

  Учес­тву­вав во еми­си­ја­та за му­зич­ки та­лен­ти „Зај­ди, зај­ди“. Џор­лев и оста­на­ти­те чле­но­ви на еми­си­ја­та ми ре­коа де­ка имам та­лент и де­ка мо­жам да се за­ни­ма­вам со му­зи­ка. Мо­жам да пе­ам за­бав­но, на­род­но и опе­ра. Мо­же­би, мо­жам да се ви­дам во тој му­зич­ки, да ка­жам, биз­нис во ид­ни­на, но не на го­ле­ма вра­та. Јас не са­кам да се на­мет­ну­вам. Са­кам да ги пра­вам лу­ѓе­то среќ­ни, да го гле­дам изра­зот на ли­це­то на лу­ѓе­то до­де­ка пе­ам. Тоа ме ис­пол­ну­ва. Мно­гу ги са­кам пес­ни­те на То­ше Про­е­ски и че­сто ги пот­пев­ну­вам. Ко­га бев во Цр­на Го­ра, пе­ев и не­кол­ку де­вој­ки ми ко­мен­ти­раа де­ка пе­ам ка­ко То­ше. Ко­га слуш­нав за тра­гич­на­та смрт на То­ше, ми пад­на мно­гу те­шко. Ко­га се вра­тив од Цр­на Го­ра во Ма­ке­до­ни­ја, жи­ве­ев кај ед­но де­вој­че со кое се зна­ев­ме од до­мот и то­гаш ми се слу­чи не­што не­о­бич­но – до­бив не­ко­ја не­о­бич­на енер­ги­ја и от­то­гаш пе­ам мно­гу. До­де­ка ра­бо­там, по­сто­ја­но пе­ам. Одев и на ча­со­ви кај Мил­ка Ефти­мо­ва, кај кого обу­ка по­ми­на­ле мно­гу му­зич­ки ѕвез­ди. Се­га одам на ча­со­ви и кај опер­ски пе­јач, онол­ку кол­ку што ми доз­во­лу­ва ра­бо­та­та. Ми ве­ли де­ка мо­жам да би­дам од­ли­чен пе­јач. Но, се­пак, на пр­во ме­сто го ста­вам се­мејс­тво­то. Ме­не тоа мно­гу ми зна­чи и ми тре­ба бидејќи сум го не­мал ни­ко­гаш по­ра­но. Не се отка­жу­вам од му­зи­ка­та, се­га ќе про­мо­ви­рам и пес­на, „Не ме оста­вај сам“. Таж­на пес­на…, но не са­кам ни­што да фор­си­рам – рас­ка­жу­ва Иван за сво­јот та­лент.

Та­лен­тот го нас­ле­дил од сво­јот де­до. Тој, ба­рем од она што Иван го знае, со та­тко­то на Јо­ве Ке­ке­нов­ски сви­рел по свад­би, би­ле поз­на­та гру­па на вре­ме­то. Де­до му бил та­па­нар, не бил му­зич­ки обра­зо­ван, ту­ку сви­рел по слух. По­тек­ну­вал од имот­но се­мејс­тво од Скоп­ска Цр­на Го­ра, на кое ло­зарс­тво­то му би­ло глав­на деј­ност.

 

Иван сме­та де­ка мо­же да се жи­вее од пи­це­ри­ја­та, но да се во­ди еден скро­мен жи­вот, без да се оди на од­мор. Ако по­ра­но ку­пу­вал евти­ни про­из­во­ди, се­га мо­же да си доз­во­ли и мал­ку по­ква­ли­тет­ни. Ја по­до­брил сво­ја­та ис­хра­на и на­чи­нот на жи­вот, што по­ве­ќе му зна­чи откол­ку, ка­ко што са­ми­от ре­че,  да ку­пи „мер­це­дес“.

Бог ми дал мно­гу иа­ко ме оста­вил без ро­ди­те­ли. Фа­ла му на Бог што сум жив и здрав. Мо­ја­та при­каз­на мно­гу ми по­мог­на­ла и се­кое ло­шо гле­да­ње на све­тот од стра­на е за до­бро. Се чув­ству­вам како да сум нај­бо­га­ти­от чо­век на све­тот. Ед­но­став­но, чув­ство­то го пра­ви чо­ве­кот, а ме­не ма­ли­те не­шта зна­ат да ме на­пра­ват мно­гу сре­ќен. Зе­мав стан од др­жа­ва­та, оваа власт ми да­де стан. Не де­ка не бев сре­ќен, но ко­га ви­дов кол­ку мо­и­те бра­ќа и се­стри се среќ­ни, сфа­тив де­ка мо­ја­та сре­ќа е пре­ма­ла. Имав не­кое чув­ство на не­за­до­волс­тво што сам не сум го по­стиг­нал тоа,  што сам не сум го ку­пил ста­нот. Де­нес мо­рам да ја по­фа­лам Вла­да­та де­ка пра­ви мно­гу за де­ца­та од До­мот. До­би­ва­ат мож­ност да сту­ди­ра­ат и да зе­ма­ат па­ри до­де­ка сту­ди­ра­ат. Тоа го има­ло са­мо на За­пад, но еве се­га го има и кај нас – за­до­вол­но ко­мен­ти­ра Иван, кој на­ско­ро пла­ни­ра да отво­ри но­ва, по­го­ле­ма пи­це­ри­ја.

И до­де­ка раз­го­ва­ра­ме, тој не­кол­ку па­ти за­пеа сти­хо­ви од пес­ни­те од То­ше Про­е­ски, ка­ко и ста­ри ма­ке­дон­ски на­род­ни пес­ни.

Разговараше: Билјана Зафирова
Фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top