| четврток, 6 декември 2018 |

Сменет портпаротлот на Стејт департментот што го поддржуваше Џес Бејли

Марк Тонер, портпаролот на Стеј департментот што неколку пати му помогаше на Бејли изминатите месеци е сменет, а на негово место доаѓа Хедер Наурет од „Фокс њуз“.
Оваа информација пред неколку минути ја сподели на социјалните мрежи Цветин Чилиманов, во продолжение еве што вели тој:

„Конечно сменет Марк Тонер, портпаролот на Стејт департмент кој неколку пати му дојде на помош на Бејли во изминативе месеци, вклучително и со веста на Глас на Америка минатата недела. На негово место доаѓа Хедер Науерт од Фокс Њуз, телевизија која досега повеќе пати известуваше за криминалот и злоупотребите на Бејли“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top