| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Хан има двојни стандарди против кои се бориме и ќе ги победиме

или

-Педесет и кусур дена ги повикувавме да се откажат од Тиранската платформа, сега бараме избори за таа платформа која е правена во туѓа држава. Комесарот Јоханес Хан во Белград им порачал на тамошните власти дека оние кои што протестираат во Белград мораат да бидат слушнати и да водат дијалог со власта, а овдека не сакаше да се сретне со 200 илјадите луѓе кои тој ден беа на улиците на Македонија, тоа се тие двојни стандарди против кои се бориме и нив ќе ги победиме- изјави Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива Зa Заедничка Македонија.

-Денес е еден важен ден, песната која ја пееме вика „со нас чекорат хероите“ денес е 24 април, денот кога во 1905-та година својот живот во саможртва храбро го положија Петар Ѓоргиев, Јордан Иванов, Војче Славев, Јованчо Стефанов, Ванчо Србаков и другите кои биле предводени од Христо Узунов.

Граѓаните со громогласен аплауз им одадоа почит на загинатите, а она за што се бореле тие во минатото е она за што се борат и тие денес, рече Илиевски.

-Тие се бореле да ја добијат ние се бориме да ја зачуваме оваа држава која ја имаме, потенцираше тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top