| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Енрике: Се сум видел во фудбалот, ама чудо како Меси никогаш!

luis enrike

Луис Енрике пресреќен излезе од „Сантијаго Бернабеу“ по победоносниот гол на Лео Меси во 92. минута и триумфот на Барса. По мечот тренерот од Хихон го наполни со комплименти херојот на средбата.

– Играв многу фудбалски натпревари, гледав илјадници видео натпревари, зборувам со најдобрите фудбалски стручњаци, но чудо од фудбалер како Лео Меси никогаш не сум вудел. Ни денес, ни вчера ни во историјата на фудбалот. И денеска пак покажа тоа што некој го заборавил, дека нема ни приближно некој како него. Денес победивме во 92. минута во ист стил како што често победува Реал Мадрид. Беше тешко да се очекува ваков фудбал по мечевите во Лигата на шампионите, но секоја чест за двете екипи – истакна Луис Енрике.

На првиот меч во ноември Реал Мадрид израмни и спаси бод на гостувањето во Барселона, а сега Каталонците возвратија со уште поголема мера и со гол во последната секунда го победи ривалот на неговиот терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top