| четврток, 6 декември 2018 |

Молотови коктели летаа среде Солун: Нападнат турскиот конзулат во Грција

Напад со молотов коктел беше извршен изутрината врз турскиот Конзулат во Солун, јави турската телeвизија „Си-Ен-Ен-Турк“.

Нападот бил извршен од страна на маскирани лица, кои фрлале шишиња со запалива течност врз полицијата во Конзулатот. Никој не е повредени. Не е наведен мотивот за нападот.

Досега биле извршени неколку напади на кабините за полицајците пред конзулатот, известуваат турските агенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top