Килијан Мбапе испишува нови страници во историјата на ЛШ откако постигна голови на четири нокаут натпревари во низа, по што сосема логичен е интересот на најглемите европски клубови за францускиот тинејџер. И додека поголемиот дел од младите играчи би се залетале по сонот да заиграат за Реал Мадрид, ПСЖ или некој друг тим од самата европска елита, Мбапе има поинакви планови.
– Килијан е среќен во Монако и воопшто не размислува за заминување. Свесен е за интересот од другите клубови, но исто така е свесен и дека му е рано за трансфер. Времето е пред него и тој сигурно ќе заигра во некој европски гигант, но сакам најпрвин да созрее како играч во Монако – изјавија блиски пријатели на голгетерот за француските медиуми.
Цената на Мбапе во моментов изнесува над 50 милиони евра, но „кнезовите“ се подготвени да му дадат нов договор за повисока плата, во кој би била вклучена клаузула за раскин од 80 милиони, што би му овозможило тој во иднина да се пресели во некој од гигантите кои покажуваат сериозен интерес за неговите услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Руски рецепт против пушење – убијте ја желбата за цигари еднаш засекогаш
-
Фудбалерот на Монако, Ласина Траоре обвинет дека настапува со лажни податоци
-
Денеска е Св. Григориј Неокесариски Чудотворец: Се исполнуваат сите желби ако го направите ова!
-
Тука се роди Тара: Како изгледа гинекологија во Монако (ФОТО)