| четврток, 6 декември 2018 |

Вестбрук ја донесе првата плеј оф победа сезонава за Оклахома Сити

Најдобриот играч на Оклахома Сити Расел Вестбрук е најзаслужен за победата на неговиот тим остварена ноќеска во дуелот со Хјустон.

Тој уште еден натпревар го заврши со „трипл-дабл“ 32 поена, 13 скокови и 11 асистенции, а Оклахома Сити славеше над Хјустон со 115:113.

Најефикасен на дуелот беше Џејмс Харден од Хјустон со 44 поени, но го промашни последниот шут за тројка во последните секунди. Со оваа победа Оклахома Сити намали на 2-1 во победи.

Првата победа ја оствари и Бостон откако го совлада Чикаго на негов терен со 104:87, додека гостински триумф постигна и ЛА Клиперс против Јута со 111:106.

Западна Конференција:

Оклахома Сити – Хјустон 115:113 (1-2 во победи),

Јута – ЛА Клиперс 106:111 (1-2)

Источна Конференција:

Чикаго – Бостон 87:104 (2-1).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top