| четврток, 6 декември 2018 |

Демолиран автобус на ЈСП

Непознати хулигани вечерва демолирале автобус на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Во времето кога е извршен нападот автобусот бил полн со патници, јави „прес24“.

Автобусот, чии стакла биле искршени, се стационирал пред АСУЦ „Боро Петрушевски“ и полицијата веќе е на местото на настанот.

Сѐ уште немаме информации дали во инцидентот има повредени патници, од кои повеќето биле млади луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top