Италијанските области Ломбардија и Венето се договориле за одржување консултативен референдум, које закажан за 22 октомври, со цел да се постигне поголема автономија за богатите северни територии, соопштува “Франс прес”. Резултатот од гласањето нема да биде правно обврзувачки.
Ако има високата излезност, тогаш категоричното гласање во корист на принципот за пренесување на овластувањата од Рим кон областите всушност ќе се даде можност за зајакнување на влијанието на политичарите, кои се борат за поголем удел во даночните приходи што доаѓаат од динамичните економии на богатите областите, а во некои случаи и се борат и за отцепување од Италија.
Паоло Гримолди, водечка фигура во десничарската “Северна лига” коментира дека на двете области им е “доста да подаруваат 80 милијарди евра годишно на државната каса”. “Времето за одговори од Рим истече, заедно со трпението на граѓаните на Ломбардија и Венето”, отсече тој. Гувернерот на Венето Лука Заја кој се смета за ѕвезда во десноцентристичкиот политички простор во Италија, го предводи организирањето на референдумот.
Уставниот суд ги блокира предлозите за гласање во неговата област за отцепување или за задржување на поголемиот дел од нејзините даночни приходи. Предложениот датум на Заја за спроведување на анкетите – 22 октомври, била прифатена од неговиот колега во Ломбардија, Роберто Марони. И двајцата се членови на “Северна лига”. Консултативниот референдум се очекува да ги прашаат избирачите за тоа дали тие преферираат повеќе автономија за областите кои заедно сочинуваат речиси една третина од БДП на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.