| четврток, 6 декември 2018 |

Центарци до неодговорниот градоначалник: Колку одобренија за градба си издал во мандатот?

Игнорантскиот и арогантен однос на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ги погодува жителите на Центар, кои имаа право да добијат одговори дури и од неодговорен градоначалник како него.

„Срамно е што Жерновски преку соопштенија на општина Центар шири лажни вести и обвинувања наместо да даде одговори.
Господине Жерновски, кажете колку одобренија за градба во Дебар Маало потпишавте откако сте градоначалник на општина Центар, нашите податоци се дека се десетина само последниов месец“, го прозваа центарци на Фејсбук страницата Центар сака да дише.

Заради транспарентност Жерновски е должен да одговори наместо да обвинува.

Жерновски прозван: Ветивте дека веќе нема да се гради, а продолживте да го уништувате срцето на Центар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top