Полициските инспектори ја расветлија кражбата на златен накит и лап топ вредни над 300 илјади денари, која вчера утро беше пријавена во полициската станица во Гостивар. Според СВР Тетово, осомничена е ќерката на сопственикот на куќата која наводно спиела во времето кога се случил грабежот.
– Осомничената, која нема навршено 18 години, вечерта од регал во дневната соба го зела ранецот во кој имало кутија со разновиден златен накит (синџир, алки, ѓердан и друго) и преку прозорецот им го додала на двајца нејзини другари на возраст од 17 години, кои чекале во дворот. Лапотопот, кој, исто така, бил пријавен дека е одземен, го ставила на друго место, по што вчера наутро исценирала пребарување низ просториите – вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
По пријавувањето, осомничената и двајцата малолетници се повикани во Полициската станица Гостивар, разговарано е со нив и се пронајдени сите одземени предмети.
Според пријавата од вчера, утрото меѓу 7 и 8 часот, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во куќата на Н.О (52) на улица „143“ во Гостивар и незабележани поминале покрај кујната во која спиеле неговите две ќерки на возраст од 18 и 20 години.
По целосното рачистување на сите поединости, во консулатација и координација со јавен обвинител, ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!