| четврток, 6 декември 2018 |

Не собраа доволно пари – Тајчи жестоко се бори за болниот сопруг!

tajci

Сопругот на Татјана Камерон, позната како Тајчи, има непушачки карцином на белите дробови, а таа се обидува да му помогне на сите начини. Освен што пее, собира пари и од донации, кои, како што пренесуваат хрватските медиуми, се уште не се доволно.

Имено, додека Тајчи пее, нејзините пријатели отворија страница на која се собираат донации.

Со оглед на тоа дека тој се лекува во Америка, засега се собрани 53.140 долари, а на семејството за лекување вкупно му се потребни 72.000 долари. Најблиските се надеваат дека наскоро ќе го соберат и остатокот пари кои им требаат.

Сопругот на пејачката со кој има три сина, има рак на белите дробови во 4 стадиум, кои се проширил на другите делови на телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top