Во Светлата недела после Велигден, денешниот ден во народот се нарекува Зелен четврток.
Инаку Белата, Светла или Велигденска недела се смета за непрекинат ден на Велигден. Затоа секој ден има богослужби, исто како на Велигден.
Четврток инаку важи за баксузден, секој освен овој!Светлиот четврок е единстевн кој по традиција се смета за среќен. Се верува дека на овој ден, сите места каде што живеат нечесните сили се затворени, дека по земјата одат добрите божества, па поради тоа и на луѓето денеска добро им иде.
Овој ден треба да се започне работа, посебно онаа која вообичаено не ви иде од рака. Исто така треба да се упати молба за неостварена желба и таа ќе се исполни. Во народот на овој четврток не се работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.