| четврток, 6 декември 2018 |

Патник во автобус и пешак повредени во Скопје

Патник  во автобус и пешак се потешко повредени во две од вкупно девет сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири полесно се повредени шест лица, а во три е причинета материјална штета.

Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради прекршоци кај осум возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и кај 10 возачи кои за време на управување на моторното возило не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 28 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 44 возила.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ПОУ „Круме Кепески“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top