| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус е во полуфиналето, Барселона не успеа да постигне гол во 180 минути!

juventus

Екипата на Јувентус е третиот полуфиналист во Лигата на шампионите откако во реваншот на „Камп Ноу“ против Барселона успеа да го сочува својот гол. Пресудна беше предноста која ја направи „старата дама“ на домашен терен од 3-0.
Куриозитет на овој двомеч е тоа што Барселона која важи за тим кој го има најдобриот напад во Европа со триото Меси-Нејмар-Суарез во 180 минута не успеа да ја затресе мрежата на легендата Џиџи Буфон.

Тренерот на „бјанконерите“ Масимилијано Алегри одлично ја постави тактиката на својот тим и освен со цврста одбрана и среден ред им создаваше проблеми на домашните играчи да дојдат до позиција да постигнат барем еден гол во раната фаза од мечот и да го направат натпреварот интересен до последниот свиреж на судијата.

barcelona

Јувентус одигра активен натпревар, дури и беше поопасен кон голот на Тер Штеген. Огромната предност (0-3) од првиот меч апсолутно не беше загрозена во текот на реваншот, па италијанскиот тим заслужено обезбеди пласман во полуфиналето на елитното европско клупско натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top