Струмичани и покрај дождот излегоа на масовен мирен протестен марш низ градот за да дадат поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која веќе 52 дена протестира против Тиранската платформа и нејзиното вметнување.
Порачаа дека нема да дозволат Македонија да стане бинационална и двојазична држава.
Освен Струмичани, протести денеска одржаа граѓаните од над 40 градови и населени места ширум Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.