Минатата недела беше соопштено дека пејачката Џенет Џексон се разведува од сопругот Висам ал Мана со кој неодамна го добија првото дете.
Набрзо потоа беше објавено дека според предбрачниот договор Џексон ќе добие огромно богатство од сопругот ако останат во брак пет години.
Меѓутоа, креативниот директор и близок пријател на пејачката, Гил Дулдулао, тврди дека Џексон не побарала 500 милиони долари од поранешниот сопруг милионер, како то пишуваат некои медиуми.
-Дури и ако постоела можноста мојата пријателка да добие 500 милиони долари бидејќи роди дете, таа нема да ги прифати тие пари бидејќи не е таква личност. Таа има цврст карактер и не сака исплата, ниту би ја прифатила. И да бевте добро информирани ќе знаевте дека не беше во брак пет години, туку четири години и неколку месеци- напиша тој на Instagram, редејќи низа навреди за оние кои тврдат поинаку.
Шпекулациите се појавија откако Ал Мана на својата веб-страница напиша дека тој и Џенет се во пријателски односи.
-До најпрекрасната личност на светот, ти благодарам за двојата боженствена љубов, за твојата вечна поддршка и што ми беше пријател. Те сакам, и ако сака господ, ќе бидеме заедно во вечниот свет- напиша Ал Мана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма на познатата пејачка- стана мајка во 50-тата година, а сега сакаат да и го земат синот!
-
Три месеци по раѓањето на синот – Џенет Џексон го напушти сопругот
-
Заради љубовта, ја смени верата – Џенет Џексон облече хиџаб
-
Нема среќа како други: На 51 година го чека првото дете и не смее да стане од кревет