| четврток, 6 декември 2018 |

Специјален извештај на „Спектатор“: Соросовиот придонес во едно од најголемите легла на канабис на Балканот

 

ps

Албанскиот премиер Еди Рама е единствениот странски лидер што минатата година дојде во Америка за да го критикува тогашниот кандидат за претседател Доналд Трамп, најверојатно по наредба на неговиот близок пријател Џорџ Сорос, пишува Виктор Гаетан во својот специјален извештај за Спектатор.орг. „Не дај боже републиканците да го изберат Трамп за свој кандидат“, му одговорил Рама на Ричард Квест од „Си-Ен-Ен“. „Неговиот избор за претседател многу би ѝ наштетил на Америка, но би му наштетил и на целиот свет“, додал 52-годишниот дипломиран уметник.

Сепак, Рама продолжува да ги користи огромните бенефити од програмата на УСАИД, со која во Албанија менаџира неговата втора сопруга, и да ги манипулира американските дипломати на Балканот, особено додека предизвикува хаос во соседна Македонија. Американската политика мора тотално да го промени курсот во Албанија бидејќи, со едноставни зборови, таму е хаос, пишува Гаетан.

Состојба во Тирана

Една од двете главни политички сили во земјата, централно-десничарската Демократска партија, го бојкотира парламентот и одбива да учествува на изборите во јуни. Во меѓувреме, поранешниот политички дисидент мина низ улиците на Тирана минатиот месец протестирајќи против назначувањето на новиот министер за внатрешни работи, Фатмир Шафај, кој беше државен обвинител за време на репресивниот комунистички режим на Енвер Хоџа и има брат обвинет за меѓународен шверц на дрога.

Хоџа затвори околу 100.000 луѓе во нехумани затвори и логори, а за време на неговото владеење околу 5.500 луѓе биле егзекутирани без судење. Меѓу групите што тој збришан беа поети, писатели, интелектуалци и христијанското свештенство.

Дали Западот не успеа да ѝпомогне на Албанија на нејзиниот пат кон демократија?

Напротив, Албанија (околу три милиони луѓе кои живеат во земја со големина на Конектикат) доби голема помош од западните институции, вклучувајќи ги и Европската унија и САД.

USAID_Albania_Trafficking

УСАИД потроши 60 милиони долари во правниот сектор на земјата од 2000 до 2015 година, средства најчесто координирани од Соросовата Фондација „Отворено општество“. Како што објасни уредникот Ерл Мурати, претходно оваа година – Интересите на САД се совпаѓаат со оние на Сорос. Тешко е да се направи разлика помеѓу нив. Неговите интереси стана синоним за американската политика, наведува Мурати.

Но, западната помош резултираше со нефункционална држава и збогатување на една затворена мрежа полна со непотизам. Таа ѝ помага единствено на Социјалистичката партија на Рама и невладините организации кои работат под нејзина контрола.

Главниот доказ за тоа кој го донесе Рама на васт

Како што беше објавено од „Викиликс“ преку е-пораките на Хилари Клинтон, во овие дописи лежи главниот доказ дека милионерот Џорџ Сорос, во режија на државниот секретар на САД – Хилари Клинтон, преземале сѐ за да се интервенира во Тирана во име и во корист на Еди Рама. Секако, Рама дојде на власт со насилни протести во стилот на Сорос во јануари 2011 година.

109689737

Кадарот на Клинтон веднаш одговорил на задачата и за неколку дена претставникот на ЕУ, предложен од страна на Сорос, словачкиот дипломат Мирослав Лајчак, пристигнал во земјата. Во тоа време, Рама беше градоначалник на Тирана и лидер на опозицијата која беше во борба за власт со владејачката Демократска партија.

Рама со поттикнување демонстрации – во кои загинаа четири лица, а беа повредени повеќе од 150 – во протестите покренати против корупцијата на владата, а откриени преку тајно снимени разговори од страна на министерот за економија, прикажале како му било наредено од страна на заменик-премиерот Илир Мета да се изврши измама на јавните договори и да договори поткуп.

Избран најпрво во 2000 година за да им служи како градоначалник на главниот град (каде што живеат повеќе од 800.000 луѓе, околу 30 проценти од населението), откако мина две години како министер за млади, Рама почна со урбани проекти во тиранските квартови за да стигне до премиерското столче исклучиво со помошта на Сорос.

Канабис и корупција

Албанија е главен извор во Европа за канабис според годишниот извештај на Европол. Како најдобар независен веб-сајт на англиски јазик -Exit.al, Албанија ја посочува како лидер на Балканот, но и пошироко за производство и извоз на споменатата дрога.

Производство на канабис е најважниот „земјоделски“ приход, особено во планинските региони. Како што еден италијански блог објаснува, „насадите на канабис се зголемиле драстично низ целата земја“ во последните четири години, делумно заради новото виетнамско семе што расте многу побрзо.

Иако Рама укажува на значително зголемување на запленетата марихуана од страна на полицијата во Албанија, независниот новинар Винсент В. Ј. ван Гервен оценува дека новиот акционен план за дрога подготвен од ЕУ нема да ја загрози мрежата на организираниот криминал во Албанија, со оглед на тоа што братот на новиот министер за внатрешни работи е меѓународен дилер баран во Италија.

Во друг случај, главен дилер на дрога прогонуван од страна на грчката влада за финансирање на повеќе пратки канабис, Клеменд Балили, е недопирлив, поради неговите врски со Социјалистичката партија и националните и локалните власти, пишуваат „Балкан инсајт“ и „Си-Ен-Ен – Грција“ врз основа на податоци од полициски извори.

Трговијата со дрога во Албанија е овозможена од страна сеприсутната корупција во албанското законодавство, правда и политика.

Во меѓувреме, албанските портали и телевизии се преполни со вести за лошо однесување на политичарите и безобразното непочитување на државните прописи: двајца градоначалницишто се под истрага за фалсификување документи се заштитени од страна на Централната изборна комисија, како што беше на СП парламентарец кој нападнал колеги.

edi-rama

Универзитетскиот професор од Њујорк, Шинаси Рама (не е во роднинска врска со албанскиот премиер) смета дека „Албанија е целосно корумпирана, криминализирана и мафијашка држава“.

Според него, земјата „се користи од страна на меѓународни криминални организации, а тоа има ужасни последици за државата, нејзиниот народ, општествените вредности и, се разбира, за демократијата, бидејќи мафијата признава само една форма на владеење, својата, и дека сака да се наметне ова правило кон сѐ повеќе политичари“. Се разбира, сето тоа може да минува се додека на чело на државата е човек кој е таму донесен од страна на надворешен фактор, кому исклучиво му е битно тој да работи за неговите интереси и по негова наредба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top