На денешната собраниска седница пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова ги праша пратениците на СДСМ дали со молчењето ја одобруваат Тиранската платформа која е верификувана во туѓа држава.
– Ги нема пратениците од СДСМ во Собраниската сала да ни одговорат дали се согласуваат со овој документ кој што е верификуван во туѓа држава. Сега за сега никој не се оградува не знам дали молчењето значи дека се согласуваат, но исто така сакам да ве потсетам, вие рековте дека граѓаните кои што гласале за СДСМ или не знам за шарената револуција не се согласуваат со оваа Тиранска Платформа, истакна Рангелова.
Таа додаде дека токму оние граѓани кои гласале за СДСМ и им дали право на пратениците на СДСМ да одлучуваат во нивно име треба да ги повикаат и прашаат дали има платформа или нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст