| четврток, 6 декември 2018 |

Рангелова: Дали молчењето за Тиранската платформа значи и нејзино одобрување?

rangelova-1-640x362

На денешната собраниска седница пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова ги праша пратениците на СДСМ дали со молчењето ја одобруваат Тиранската платформа која е верификувана во туѓа држава.

–  Ги нема пратениците од СДСМ во Собраниската сала да ни одговорат дали се согласуваат со овој документ кој што е верификуван во туѓа држава. Сега за сега никој не се оградува не знам дали молчењето значи дека се согласуваат, но исто така сакам да ве потсетам, вие рековте дека граѓаните кои што гласале за СДСМ или не знам за шарената револуција не се согласуваат со оваа Тиранска Платформа, истакна Рангелова. 

Таа додаде дека токму оние граѓани кои гласале за СДСМ и им дали право на пратениците на СДСМ да одлучуваат во нивно име треба да ги повикаат и прашаат дали има платформа или нема. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top