Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, Горан Пандев во интервју за турските медиуми говореше за своите денови поминати во дресот на екипата на Галатасарај. 33-годишниот напаѓач откри кои беа причините за неговото заминување и зошто не се покажал во најдобро светло во тамошните настапи.
– Не успеав да го покажам мојот талент во Галатасарај, но не можам да заборавам на убавите денови поминати таму. Потпишав двегодишен договор со екипата и сакав да го одработам како што посакував, но не гледав шанса да го покажам моето искуство таму. Дојдов со големи очекувања во Турција, но на крај морав да си заминам без да ги исполнам истите. Бевме одлична група на фудбалери и победивме и покрај сите маки и проблеми кои ги имавме во текот на сезоната. Најголемиот предизвик таму е пеколната атмосфера на „Турк Телеком арена“, која ви поставува уште поголем притисок да победите. Се надевам дека оставив било каква дамка и покрај тоа што не останав многу долго – изјави македонскиот репрезентативец.
Пандев не успеа да се наметне во турското првенство за потоа да се врати во Италија во екипата на Џенова, каде се обврза да остане две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.