| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот вампир на Балканот бил Србин

Прв вампир на нашиве простори  бил Петар Благојевиќ од село Кисиљево денешна Србија. За него, како прв вампир е објавена статија во  австриското списание  “Vossiche Zeitung”, broj 98, во  1725 година. Весникот пишува дека во село Косиљево, денешна Србија, а тогашна Австрија, починал извесен Петар Благојевиќ, а по него починале уште десет луѓе за само 24 часа.  Властите од Виена  пратиле лекари кои  откриле дека Благојевиќ  во ковчегот бил жив , а на устата имал остатоци од крв. Откако го проболе со колец , од  неговоро тело, нос и уши истекла свежа крв. Селаните веднаш го запалиле неговото тело по што со  години не починал ниту еден жител на селото.

Инаку, најпознат вампир од поново време е исто така Србин. Тоа бил Сава Савановиќ од село Зарожје. Легендата вели дека Сава бил многу богат трговец кој се вљубил во многу помлада девојка. Тој ја запросил, но нејзиниот татко го одбил бидејќи бил многу постар од неа. Сава се разочарал и за да се освети решил да ја убие девојката. И пукал во грб, но веднаш  потоа овчарите кои се наоѓале во близина го претепале Сава со мотики. Легендата вели дека тој се повампирил и во наредните 99 години им ја пиел крвта на луѓето кои доаѓале кај воденицата на реката Рогачица.

И ден денес луѓето со страв го посетуваат ова место.

Но, руските научници тврдат дека легендите за вампирите се темелат на ретката болест наречена порфирија. Луѓето болни од оваа болест имаат исклучително блед тен, сонцето многу им пречи, имаат недоволно железо во крвта и затоа имаат потреба од крв од други луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top