| четврток, 6 декември 2018 |

Се расипа времето: Од утре дожд и ветер

Времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Наместа се очекува да наврнат над 25 л/м2. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 12 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Повторно стабилизирање на времето се очекува од петок. Поради разведрувањето, во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст, особено во недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top