СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишниот охриѓанец С.И. за тешка кражба.
Пријавениот го сторил делото во периодот од јануари до март 2017 година на ул. „Дејан Војвода“ во куќа сопственост на С.М. од Охрид. Пријавениот со подесен алат насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршеното пребарување одзел три детски велосипеди, повеќе апарати за домаќинство, повеќе работни машини, дел од покуќнината, разновиден кујнски прибор и четири собни врати.
На тој начин пријавениот С.И. се стекнал со противправна имотна корист од околу 250.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.