| четврток, 6 декември 2018 |

Фернандо Алонсо демантира дека се договорол со Порше да вози на „24 часа Ле Ман“

fernando alonso

Поранешниот светски првак во Формула 1 Фернандо Алонсо не постигна договор со Порше за да вози на „24 часа Ле Ман“ следната година. Со демант денеска се огласи тимот по вчерашните шпекулации дека е постигнат договор со шпанскиот пилот.

– Тоа е само измислица и нема потреба повеќе да го демантирам објавеното од весниците – изјави менаџерот на Алонсо.

Алонсо ќе ја пропушти трката за Големата награда на Монако за да настапи на легендарната „Индијанаполис 500“ во рамките на Инди-кар шампионатот. Во светскиот шампионат во Формула 1 не е повеќе комплетитивен и Шпанецот од Овиедо размислува за други опции до крајот на кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top