| четврток, 6 декември 2018 |

Останаа пет сирачиња-ја викнал сопругата да се смират, па ја убил?

ko

Изгледа е откриена мистеријата за убиството на брачниот пар Срби во Холандија. Имено постои сомнеж дека Мирсад Чикариќ(43) од околината на Лозница, најверојатно од љубомора, ја убил својата четири години помлада сопруга на западот на Холандија, а потоа си пресудил на самиот себе.

Меѓутоа овој сомнеж треба да го потврди обдукцијата на телото на сопружниците кои се најдени со прострелни рани на телото и главата. Зад нив останаа пет деца, за кои се грижи социјална служба.

Имено, според пишувањата на холандските медиуми, Мирсад Чикариќ во февруари оваа година бил осуден за насилство во семејството, поради што му била изречена забрана за приоѓање на жена му(39).

Истрагата утврдила дека тие се нашле во средата, а потоа отишле во шумата во Миделбург. Наредниот ден изутрина пронајдени се нивните безживотни тела, како и пиштолот кој се наоѓал кај едниот од нив. Како холандската полиција не сака ништо да препушти на случајот, истрагата се уште трае, иако се укажува на убиство и самоубиство.

Според пишувањата на тамошните медиуми, парот имал бурен брак, поради што често интервенирала полицијата, па и самиот градоначалник на Миделбург, Харалд Бергман реагирал. Градоначалникот на несреќната жена и нудел сместување, но таа го одбивала.

Според соопштението на холандската полиција, жената во неколку наврати го пријавувала сопругот заради насилство, но и ги повлекувала пријавите, со напопомена дека сакаат да си го средат животот. Во август минатата година полицијата добила пријава дека сопругот и држи нелегално оружје, па извршиле претрес, но не го нашле. Неколку месеци подоцна уследила нова пријава и тоа за злоставување, по што сопругот бил уапсен. Тој во затвор бил до февруари годинава, а штом излегол му била изречена мерка ставање под надзор.

Во средата минатата недела, тој ја повикал сопругата да се најдат, по што наредниот ден биле пронајдени нивните безживотни тела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top