Утре не очекува сончево и потопло време со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од од -1 до 6, а максималната од 14 до 20 степени. Слично време ќе преовладува и во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Во среда, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни (над 25л/м2). Во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег. Во четврток и петок ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, а поради разведрувањето, во петок и во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.