Мажот(43) и жената(39), инаку брачен пар од Србија и родители на пет деца, убиени се од огнено оружје и оставени се мртви во мерцедес во Миделбург во Холандија!
Убиениот брачен пар Чикариќ, во грмушките, го пронашол случаен минувач.
Како што пренесуваат холандските медиуми, телата на сопружниците се наоѓале во автомобилот, додека на ретровизорот на мерцедесот биле закачени боксерски ракавици. Недалеку од автомобилот, пронајдена е и пушка.
Иако полицијата се уште не ги објави деталите на истрагата, засега утврдено е дека мажот и жената се сретнале во средата навечер, кога се упатиле во шумата, а засега не се исклучува можноста дека парот е ограбен и убиен.
Нивните тела се пронајдени на 9 километри од нивниот семеен дом, каде биле нивните пет деца стари, 3,13, 18,22 и 23 години, кои засега се сместени во центар за социјални работи.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, брачниот пар бил познат по тоа што често се карал, при што интервенирала и полцијата, додека мажот на двапати бил и на отслужување на затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.