| четврток, 6 декември 2018 |

За Велигден со семејството низ Македонија: Груевски во посета на Штип (ФОТО)

17990893_10155176854592716_1239106364255188876_nПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го искористи продолжениот велигденски викенд да го помине со семејството во посета на неколку цркви во Македонија.

За првиот ден на Велигден Гревски на профилот на „Фејсбук“ објави фотографии од посетата на Ново Село во Штип, на училиштето во кое македонскиот револуционер Гоце Делчев работел како учител и на црквата „Света Богородица“.

Претходно, Груевски, сопругата Боркица и ќерките Анастасија и Софија го пречекаа Хриството воскресение во Лесновскиот манастир, а убавото време на Велјасабота го искористија за посета на Велес и на црквата „Света Петка“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top