| четврток, 6 декември 2018 |

Осуммина нападнале скопјанец

Ј.Ф. (31) од Скопје доцна синоќа бил физички нападнат од осум лица на улицата „Дебарца“.

Како што соопшти полицијата, тие без повод и причина тие му се нафрлиле и удирајќи го во пределот на главата и телото, му го одзеле лап-топот што го носел во рака, по што избегале. Настанот се случил околу еден часот по полноќ.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top