Во НБА лигата измината ноќ се одиграа првите четири натпревари од 1.коло во плеј-офот. Актуелниот шампион Кливленд во драматичен финиш ја совлада Индијана која промаши шут за победа.
Леброн Џејмс со „дабл-дабл“ ефект учинок – 32 поени и 13 асистенции беше најефикасен кошаркар на мечот.
Јута го изненади тимот на Лос Анџелес Клиперс и поведе со 1-0 во добиени средби, а исто така изненадувачка победа забележа и Милвоки на гостувањето кај Торонто.
Најлесно помина Сан Антонио кој ја оправда фаворитската улога на дуелот со Мемфис.
Резултати во 1.коло од разигрувањето за титулата во НБА лигата:
Кливленд – Индијана 109:108,
Торонто – Милвоки 83:97,
Сан Антонио – Мемфис 111:82 и
ЛА Клиперс – Јута 95:97.
Вечер играат:
Вашингтон – Атланта,
Голден Стејт – Портланд,
Бостон – Чикаго и
Хјустон – Оклахома.
Серијата трае до четири победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.