| четврток, 6 декември 2018 |

Ако видите нешто слично во соблекувална или јавно ВЦ – веднаш повикајте полиција!

Сигурно барем еднаш сте се почувствувале непријатно во јавен тоалет или во соблекувална, кога сте добиле чувство дека некој ве гледа или ве снима. Понекогаш тоа не е само чувство, бидејќи навистина постојат болни луѓе кои сакаат да ги гледаат или снимаат другите разголени.

Детективи од Флорида откриле неколку одделни случаи во тоалетите во рестораните сметени на државните автопати. Минијатурни, скоро невидливи за око камери, биле сокриени во женските тоалети, во предмети и места на кои се придава најмала важност.

Камерите биле поставени во малите пластични закачалки за оставање на крпи, торби или алишта. На врвот на овие куки се наоѓале минијатурни камери, кои изгледаат како обични дупчиња.

Станува збор за уреди кои без проблем може да се купат преку интернет, а снимките од тие камери лесно се префрлаат во комјутер.

Полицијата предупредува луѓето да бидат внимателни и да го пријават секој сличен случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top