Лајпциг цврсто го чува второто место на табелата во Бундес лигата. На домашен терен денеска го совлада Фрајбург со 4-0. Поулсен ја отвори серијата голови, Вернер зголеми на 2-0, а на почетокот на вториот дел Кеита постигна и трет погодок за Лајпциг. Во финишот Даме го постави конечниот резултат.
Борусија Дортмунд славеше над Ајнтрахт Франкфурт со 2-1. Марко Ројс се врати на терените по паузата и постигна гол уште во третата минута. Фабиан израмни на 1-1, но Сократис во 34.минута повторно ги доведе „милионерите“ во водство. Пјер – Емерик Обамејанг во 86.минута постигна и трет погодок за домашните, за конечен триумф.
Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах, кој домашните го добија со 5-3.
Резултати Бундес лига:
Мајнц – Херта 1-0, Борусија Дортмунд – Ајтрахт Ф. 3-1, Аугсбург – Келн 2-1, Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах 5-3, Лајпциг – Фрајбург 4-0, Волфсбург – Инголштад 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани
-
„Милионерите“ имаат нов десен бек: Џереми Тојлан нов фудбалер на Дортмунд
-
Борусија Дортмунд експресно најде замена за Дембеле